еМагазин
Image default
Техно ТОП СТОРИИ

Тим од студенти на ФЕИТ победи на светското финале во развој на систем за диференцирање на шизофренијата и биполарната психоза

Тимот „Neuro FEEIT”, составен од студенти на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ), освои прво место на светското финале за процесирање сигнали (IEEE SP Cup 2023, signalprocessingsociety.org).

Задачата оваа година беше развој на систем за диференцирање на шизофренијата и биполарната психоза користејќи функционална магнетна резонанца во состојба на мирување (rsfMRI).

Финалето на натпреварот се одржа на 5 мај во Родос, Грција, во рамки на најголемата светска конференција од областа на процесирање на сигнали (ICASSP 2023, 2023.ieeeicassp.org).

Натпреварот е организиран од одделот за процесирање сигнали IEEE SPS и Центарот за истражувања во невровизуелизација и наука за податоци (TReNDS, trendscenter.org) при Институтот за технологија на Џорџија, САД.

Тимот беше воден од магистрантката Даниела Јанева, а во него учествуваа додипломците: Стефан Крстески, Матеа Ташковска, Ана Крстевска, Ангела Мешкова, Душан Мерџановски, Марио Величковски и Марко Палоски.

„Посветивме многу време за решавање на проблемот. Дополнителен предизвик беше интердисциплинарната област на предизвикот која е нова и тековно се истражува. Покрај големата конкуренција, успеавме да најдеме решение кое ни го донесе првото место“, вели Јаневa.

Ментор на тимот беше Бранислав Геразов.

Тие во глобална конкуренција во првата фаза беа прво пласирани од трите тима селектирани за учество во финалето според рангирањето на платформата Kaggle (kaggle.com).

Второто и третото место ги освоија тимови од Универзитетот за инженерство и технологија на Бангладеш и Институтот за технологија на Израел.

„Оваа победа претставува големо постигнување за нашите студенти и за нас како факултет и универзитет. Студентитe го докажаа своето знаење и способности во конкуренција од преку 40 тимови од целиот свет. Со тоа, уште еднаш го потврдија квалитетот на образовниот процес кој се негува на ФЕИТ и УКИМ“, вели професор Геразов од ФЕИТ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Зошто откази за роднините? Признавате непотизам? Нели се беше легално?“: Твитер за отказот на мајката на Костадинов

Редакција

Наскоро доаѓаат Galaxy A12 и Galaxy A02s – премиум телефони по одлични цени

Редакција

Убава вест: Оздравени 50 пациенти заболени од корона вирусот, вкупно до сега 1.351

Редакција