еМагазин
Image default
Локално

(Фото) Возило излетало од патот кај тунелот на делницата Гевгелија – Неготино, сообраќајот во прекин

Возило излетало од патот кај тунелот Т1 на делницата Гевгелија – Неготино. Информацијата утрово ја потврди за МИА, Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.

– Денеска во 08.40 часот на автопатот А1, кај тунелот Т1 на делницата Гевгелија – Неготино, патничко возило „фолксваген“ со неготински регистарски ознаки, управувано од 47-годишната Т.П.П., изгубило контрола и излетало од патот. Увидот е во тек, појасни Самарџиев за МИА.

Според првични информации, едно лице е тешко повредено во сообраќајката.

Поради сообраќајката во прекин е сообраќајот на овој патен правец.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Несекојдневен случај: Молери натепале и ограбиле скопјанец

Редакција

(Галерија) Скопје во новогодишна атмосфера

Редакција

Тешко повреден пешак во Скопје по удар од „Опел Астра“

Редакција