еМагазин
Image default
Македонија

Шопенхауер, Фром, Ниче: Груевски повторно се јави со филозофски мисли од Будимпешта

Експремиерот Никола Груевски како да е дел од кампањата за претседателските избори, бидејќи во изминатиов период зачести со постови во кои цитира познати филозофи и писатели, а под кои вообичаено стои линк до некој текст што ја критикува власта.

По Артур Шопенхауер и Ерик Фром, Груевски сега се јави со цитат од Фридрих Ниче кој вели: „Во светот постојат два вида луѓе. Оние кои сакаат да знаат и оние кои сакаат да веруваат… понекогаш луѓето не сакаат да ја слушнат вистината, бидејќи не сакаат да им се уништат илузиите“.

Потоа Груевски напиша:

„Сите Вие кои се боревте за него и му верувате…и се уште му верувате…на лагите, на секојдневно свесно и со умисла искажаните лаги…

Се сеќавате ли на ветувањата, на слатките лаги на „спасителот“?

На оние 600 километри автопат во 4 години мандат, на градбата на новиот клинички центар, повисоки плати, пензии, социјална помош, гасификација, чист воздух во зима, плати од 100 илјади денари за лекарите, решение на името без смена на уставот и промена на идентитетот, на носењето на правдата, солидарноста, на враќање на младите од странство, враќање на 600 илјади иселени, на вработување на најспособните во администрацијата, на доаѓањето на животот….

Помал проблем е што тоа го нема. Поголем е што го нема и она што го имаше.

Бидете живи и здрави“, напиша Груевски на неговиот Фејсбук профил.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Груевски се јави со цитат од Шопенхауер: „За да се признае туѓата вредност, треба да се има и сопствена“

Фото: Фејсбук/Груевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Почнува скрининг-тестирање за Ковид-19 за процена на имунитетот на населението

Редакција

Адвокатот на таткото на Вања бара куќен притвор за него

Редакција

Нема нови препораки од Комисијата за заразни болести, граѓаните да избегнуваат посети во затворено

Редакција