еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Нема нови препораки од Комисијата за заразни болести, граѓаните да избегнуваат посети во затворено

Комисијата за заразни болести, на денешниот состанок ја разгледа актуелната епидемиолошка состојба во земјата и констатирано е дека има зголемување на бројот на нови случаи со ковид, информираат од Министерството за здравство.

„Согласно методологијата за одредување на ризикот од Ковид-19 се зема предвид и процентот на хоспитализирани случаи, процентот на слободни болнички кревети, како и бројот на тешко болни и смртни случаи од Ковид-19, утврдено е дека РСМ се наоѓа во зелена зона со доволни капацитети за згрижување на пациентите со Ковид-19.

Инаку, зголемувањето на бројот на нови случаи изнесува 79,9 отсто.

На состанокот беше разгледано и прашањето за достапноста на тестовите за Ковид-19, при што Комисијата препорача двојно зголемување на капацитетите за тестирање на институциите кои се надлежни за тоа, како и следење на состојбата за евентуално овозможување дополнителни капацитети таму каде што е потребно,“ се вели во соопштението.

Комисијата во моментот не препорачува дополнителни рестриктивни мерки и апелира до граѓаните да внимаваат на сопственото здравје, да избегнуваат посети во затворени и невентилирани простории, освен кога тоа е неодложно и во тие случаи се препорачува носење заштитна маска и одржување дистанца.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Исмет Гури и Ејуп Алими од ДУИ осудени на три и пол години затвор за „Титаник 3“

Редакција

Заев не очекува Иванов да даде нова аболиција, овој пат за „27 април“

Редакција

Повеќе од половина од хоспитализираните со Ковид-19 во Тетово присуствувале на прослави и забави

Редакција