еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Апсолутно е невозможно да се детектира од каде доаѓаат дојавите за бомби, вели премиерот

Безбедносната состојба во државата е стабилна, а МВР целосно и успешно ја врши својата работа за да ја гарантира безбедноста на секој граѓанин.

Што се однесува до монструозниот чин на дојава на бомби, која прво започна во автобусите на ЈСП, потоа по училиштата во Скопје и во некои други градови, а во последниве денови се проширија во трговски центри и во поголеми станбени згради, тие се секогаш поврзани со јавноста, која впрочем е еден од клучните работи во делот на тероризмот, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски.

„Кај голем дел од овие дојави се работи за Ви-Пи-Ен врски хостирани во странство при што, речиси апсолутно е невозможно да се детектира од каде доаѓа дојавата, бидејќи Ви-Пи-Ен-ите се приватни виртуелни мрежи хостирани во странски држави и затоа се работи со партнерските служби,“ рече Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција во Владата.

Според него, заканите се резултат на хибридна војна и останува како и досега нашите служби заедно со партнерските служби да се справуваат со овој проблем.

МВР во однос на дојавите за бомби дејствува со полн капацитет, вели Ковачевски, додавајќи дека на 5 декември веќе е поднесена кривична пријава за малолетник за тероризам кој испратил дојави за бомби во училишта.

Премиерот нагласи дека МВР секојдневно комуницира со партнерските служби и членките на НАТО и со тие што имаме стратешка соработка. При тоа, вели Ковачевски, при истрагата на овие хибридни напади поради геостратешки цели или локални напади заради други цели, МВР прави анализи заедно со службите за безбедност, Агенцијата за национална безбедност и одделот за антитероризам, а што се однесува до мерките за антитероризам при дојава, тие мора да бидат спроведени по целосниот протокол без притоа да се импровизира во кој било поглед колку и да имате првични проценки.

„Одделот за антитероризам после секоја дојава детално ги прегледува сите училишта со сите утврдени протоколи за да може во најкус рок да се потврди дека се работи за лажни дојави и обврските и наставата во училиштата да продолжат непречено,“ изјави премиерот.

На ваков тип напади масовно, посочи Ковачевски, се изложени и соседните земји, како на пример последните вакви дојави се во Црна Гора, но ги има и во Србија, како и во подалечни земји, како што се Нов Зеланд, Канада, итн..

Премиерот потенцира дека според експертите, ваквите активности се зголемени по отпочнувањето на војната во Украина, која се чии е најпогодена од ваквите напади како во интензитет, така и во зачестеност.

Прашан дали Националниот комитет за тероризам и насилен екстремизам ги сменил протоколите по налог на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, Ковачевски рече дека нема информација и посочи дека за тоа одговор треба да се бара во МВР.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По притворот на Катица Јанева: Непристоен предлог е „Рекет“ да не се политизира

Редакција

„Инвеститорскиот ден“ ја „загреа“ Македонската берза: Прометот надмина милион евра

Редакција

(Видео) Брегзит им донесе триумф на конзервативците на Борис Џонсон на изборите во Британија

Редакција