еМагазин
Image default
Македонија

Патниците од Македонија од утре ќе може да влезат во Холандија без никакви ограничувања

Патниците од Македонија, како и од Србија, Албанија, САД, Либан и Тајван можат да влезат во Холандија од 24 јуни без никакви ограничувања, пренесува веб-страницата „Шенген виза инфо“.

Патниците од овие шест земји нема да мора да прикажат негативен тест за коронавирусот или потврда за вакцинација и нема да мора да одат во карантин.

Одлуката ја објави Владата на Холандија по препорака на Советот на ЕУ да ги додаде споменатите земји на списокот на епидемиолошки безбедни земји, на чии граѓани треба да им биде дозволено да патуваат во ЕУ.

Сепак, оние што доаѓаат во Холандија со авион, ќе мора да пополнат здравствена изјава, која некои авиокомпании дозволуваат да биде пополнета во дигитален формат.

Фото: ТАВ Македонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МВР го демантира ВМРО-ДПМНЕ за наводните неправилности при набавка на храна

Редакција

Јовески не открива дали и кога Катица Јанева ќе даде исказ за „Рекет“

Редакција

Високи претставници на САД и ЕУ неделава во Скопје

Редакција