еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Министерство за здравство со препорака до граѓаните поради топлотниот бран

Според најавата од Управата за хидрометеоролошки работи, Министерство за здравство информира дека во текот на следните два дена, 24 и 25 јуни (четврток до петок), целата територија на државата ќе биде зафатена со температури од портокалова (алертна) фаза.

Во соопштението се додава дека согласно Акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението, потребно е да се почитуваат општите мерки за заштита на здравјето, како што се:

-Ослободување од работните обврски на најранливите групи на населението, вклучувајќи ги бремените жени и лицата на возраст над 60 години.

-Во установите за згрижување на децата (градинки) да не се практикуваат физички активности и да не се изнесуваат децата на отворено во периодот од 11 до 17 часот.

-Единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран да имаат поактивен пристап и да пружат помош на осамени, стари и изнемоштени лица и бездомници.

-Со оглед на фактот дека одредени ризични производни и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавците на обврската за почитување на законските прописи од оваа област.

Од Министерство за здравство потсетуваат дека населението во целиот летен период потребно е да ги почитува следните општи мерки за заштита на здравјето:

-Во текот на екстремно топли денови да се остане повеќе во затворени простории (пред се климатизирани), а при неопходен престој на отворен простор во овој период, да се најде можност за почести одмори под сенка.

-Да се носи светла и лесна облека, а при директна изложеност на сонце да се носат заштитни очила и капа и да се користи крема со висок заштитен фактор.

-Да се внесува помало количество храна, претежно овошје и зеленчук, а помалку масна храна.

-Да се внесуваат големи количества течности, најдобро обична вода за пиење, а да се избегнуваат алкохолните пијалаци.

-При влегување во возило, потребно е тоа одреден период да се проветри.

-На хронично болните лица се препорачува редовно да ја земаат препишаната терапија, во консултација со матичните лекари.

Поради високите температури и зголемената можност за појава на труења со храна и цревни заразни заболувања, се препорачува задолжително миење на земјоделско-градинарски производи (свеж зеленчук и овошје) пред нивна употреба, термичка подготовка на храната и нејзино консумирање веднаш по подготовката.

Комисијата за следење на ефектите од високите температури при Министерството за здравство во континуитет ја следи состојбата и по потреба ќе предлага мерки и активности за минимизирање на евентуални штетни ефекти од високите температури.

Фото: Photo by Tim Stief on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Над 1 милион евра е премијата на Лото 7 на Државна лотарија, највисока сума што може да се освои во земјава

Редакција

Детална листа на сите вработени и советници во Кабинетот на Заев и нивните плати

Редакција

Ако животот не ме сака доволно, јас го сакам многу повеќе, вели Љуљета Адеми на која сме ѝ потребни за да си ја спаси ногата од ампутација

Редакција