еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ѓорги Спасов за изјавата на бугарскиот министер Милков за Тито: Не прави разлика помеѓу фашизам и антифашизам

Професорот Ѓорги Спасов на Фејсбук ја коментира изјавата на бугарскиот министер за надворешни работи, Николај Милков, според кого Јосип Броз Тито е поголем проблем од Цар Борис Трети.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За бугарскиот министер Милков, Тито е поголем проблем од „Цар Борис III“

“Министерот за надворешни работи на Бугарија, Милков прашува како за Македонија е проблем тоа што еден клуб на Бугарите во Македонија ќе го носи името Цар Борис Трети, а не ни е проблем што гимназија во Скопје го носи името Јосип Броз Тито.

И толку човекот разбира историја.

Толку знае какви заслуги за нас Македонците имаат Царот Борис и Тито.

Толку знае какви сеќавања буди кај нас политиката на нивниот Цар Обединувач и соработник на Хитлер и политиката на антифашистичкиот херој и југословенски и светски лидер Тито.

А можеби и знае.

Но тој како и Захариева не прават разлика меѓу фашизмот и антифашизмот.

Сега по нивната логика ако сакаме да станеме членка на ЕУ, треба да ги вратиме симболите на фашизмот, да ги славиме соработниците и сојузниците на Хитлер, а да се откажеме од нашата антифашистичка борба и епопеја во име на така замислените “европски вредности”.

И веројатно тоа така ќе се случува се додека нашата влада и министерството за правда се прогласуваат себе си за ненадлежени во спречувањето на сите видови провокација од страна на оние што се уште не се разбудиле од сонот за Санстефанска Бугарија.

А тоа е и директно мешање во нашите внатрешни работи.

Можеби се во право оние што велат: остави ги кучињата да лаат додека караванот врви.

Ама некогаш не е лошо да им се каже дека претеруваат со нивните провокации.

Нека си ја подучуваат својата младина за заслугите на Цар Борис, за успешната соработка со Хитлер, за тоа како ги спасиле Евреите од Бугарија, а Евреите од окупираната Македонија ги испратиле во смртоносни логори на смртта и како Јосип Броз Тито заедно со партизаните и антифашистичката борба треба да ги ставиме на исто место со окупаторите и соработниците на фашизмот.

Што е многу, многу е. Па дури и од една членка на ЕУ“, пишува тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е царот Борис Трети, по кој е именувам вториот бугарски клуб, кој ќе се отвори во Охрид

Од ЕУ за отварањето на бугарското здружение „Цар Борис III“ велат оти Унијата не се занимавала со историја

Фото: Фејсбук/Спасов

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Запознајте го новиот фитнес модел Ружица Арсовска

Редакција

Огњановски, на кого му беше трансплантирано срце: Повторно ќе го живеам животот со полни гради, затоа што животот е еден!

Редакција

39,5% од заразените со Ковид-19 во Македонија се со претходни заболувања

Редакција