еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

(Фото) Запознајте го новиот фитнес модел Ружица Арсовска

Постојат некои златни правила или норми кои помагаат да се успее во овој денешен суров свет. Колку побрзо ги совладате толку имате поголеми шанси да бидете професионален модел.

Магијата е да успеете да ги балансирате сите оние работи кои ви се важни за моделингот, за да оставите комплетна слика за себе.

Ружица Арсовска е совршен пример за тоа како на вешт и уникатен начин може да се спојат трите сегменти за да се изгради еден комплетен модел. Големата љубов и посветеност кон вежбањето и исхраната и овозможија да биде модел, фитнес тренер и врвен кулинар.

„Со добра организација може  да се постигне многу, само ако имате мотивација и дисциплина”, вели Ружица.

Нејзините планови не застануваат тука. Арсовска сака да замине за Америка каде би продолжила професионално да се занимава со моделинг, откако веќе долго време соработува со агенцијата Моделс ИН Менаџмент од Скопје.

„Има луѓе кои кога говорат делуваат на вас смирувачки и хармонично. Таков е случајот со Ружица.

Чекаме да се смири целата ситуација со пандемијата за да може конечно да замине во Америка, бидејќи како што и очекувавме повеќе модни агенции се заинтересирани да склучат договор,” вели Алек Наумовски од Моделс Ин.

Ружица е секако успешна и среќна, но да се биде под договор со една светска агенција е награда за нејзиниот огромен труд и упорност. Впрочем што друго и да се очекува од девојка која зрачи со индивидуалност и беспрекорна убавина.

За совети околу фитнес и исхрана, посетете го нејзиниот инстаграм профил @Ruzica_ars.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тројца менаџери на Оилко лани имале примања од 80.000 евра

Редакција

Левица нема да учествува во работната група за уставни измени

Редакција

Каков имот пријавил Нехат Нуки, поранешниот економски директор на Онкологија

Редакција