еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ станаа буџетари: Повеќе приходи од граѓаните, отколку од членството

Речиси незабележано поминаа извештаите што вчера ги објави Државниот завод за ревизија (ДЗР) за финансиското работење на најголемите политички партии во земјава СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, а кои откриваат дека тие поголем дел од приходите остваруваат од државниот буџет отколку од членарини и донации.

„Сложните браќа“ во изминативе години преку законски измени на регулативата во Собранието заеднички одлучија да се зголеми стапката на финансирање од буџетот. Извештаите на ДЗР покажуваат дека всушност слободно може да се каже дека тие се станати буџетари исто како и државните институции.

Со анализата на вкупните приходи по видови на извори на финансирање, ДЗР констатира дека учеството на јавното финансирање од Буџетот на РСМ на редовното работење на СДСМ бележи тренд на зголемување и тоа од 37 проценти во 2015 година до 82 отсто во 2019 година, наспроти тренд на опаѓање на учеството на приватните извори на финансирање во вкупните приходи на партијата.

Со анализата на вкупните приходи по видови на извори на финансирање, ДЗР утврди  дека учеството на јавното финансирање од Буџетот на РСМ на редовното работење на ВМРО-ДПМНЕ бележи тренд на зголемување и тоа од 27 проценти во 2016 година до 67 отсто во 2019 година, наспроти тренд на опаѓање на учеството на приватните извори на финансирање (членарини и донации) во вкупните приходи на партијата.

Со анализата на вкупните приходи по видови на извори на финансирање, ДЗР констатира дека учеството на јавното финансирање од Буџетот на РСМ на редовното работење на ДУИ бележи тренд на зголемување и тоа од 51,12 проценти во 2015 година до 83,58 посто во 2019 година, наспроти тренд на опаѓање на учеството на приватните извори на финансирање во вкупните приходи на партијата.

„Наведената состојба може да има влијание врз структурата на расходите на партијата во наредн период, имајќи ја предвид измената на член 83-а став 2 алинеја 1 од Изборниот законик, каде извор на финансирање на изборната кампања, меѓу другите извори се и средствата од редовната сметка на политичката партија“, се вели во извештаите за трите политички партии.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Државните ревизори утврдиле дека СДСМ користи имот за кој нема утврдено сопственост

Државните ревизори констатирале дека ДУИ добивала донации над дозволениот лимит

Државните ревизори утврдиле дека растат приходите на ВМРО-ДПМНЕ од буџетот, а се намалуваат од членарини

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Можен ризик од одрон на карпа од 20 тони над браната Матка, надлежните да ја проверат состојбата, апелира Ангелов

Редакција

Караџовски не очекува зголемување на бројот на заразени со корона вирусот

Редакција

(ВИДЕО) Скопје побеле: Падна првиот снег

Редакција