еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Караџовски не очекува зголемување на бројот на заразени со корона вирусот

Претседателот на Комисијата за заразени болести, д-р Жарко Краџовски не очекува зголемување на бројот на заразени, иако, рече, може да има инцидентни случаи, како што беа во изминатите денови од разни свечености на кои не се почитуваа забраните за собирања, движење и за близок респираторен контакт.

-Лично не очекувам зголемен број дотаму да ние да не можеме да го држиме под контрола, рече Караџовски додавајќи дека и кога имаше сто случаи дневно ја држеле состојбата под контрола зашто во резерва биле спремни илјада кревети и монтажна болница.

Во моментов има, рече тој, само 59 хоспитализирани на Инфективна клиника, 22 во ГОБ „8 Септември“ и 20-ина пациенти во инфективните одделенија во болниците низ државата.

Соопшти дека пет градови во кои има познати кластери на вирусот се држат под контрола и оти се познати лицата, кои се во изолација и се знаат нивните непосредни контакти во изминати 15-ина дена.

-Никаде во светот не може денес да ви рече некој што ќе се случува за месец, два, три. Меѓутоа, цел свет кажува дека силината или вируленцијата на вирусот Ковид-19 слабее. Според податоците од земјите на ЕУ, каде се намалува бројот на заболени, за неколку стотини проценти е намалена можноста за инфекција, додаде д-р Караџовски.

МИА/Фото: Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче: Почитувањето на превентивните мерки е клучот за враќање во нормала

Ако има зголемен број заразени со Ковид-19 повторно рестриктивни мерки

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Холандски државјанин спасен откако со возило се излизгал на патот Галичник-Лазарополе

Редакција

Богојавление – Водици: Денот кога Господ Исус Христос бил крстен во реката Јордан

Редакција

Захариева: Бугарија нема да поставува нови услови за старт на преговорите со ЕУ, но да се решат историските спорови

Редакција