еМагазин
Image default
Бизнис

Пониски каматите и на кредитите и на депозитите во февруари

Просечната каматна стапка на кредитите во февруари бележи минимален пад од 0,01 процентен поен и изнесува 4,61 отсто, додека на годишно основа е намалена за 0,03 процентни поенти, покажуваат податоците на Народната банка.

Податоците покажуваат дека намалување има и кај просечната каматна стапка на депозитите и тоа на меечно ниво од 0,01 процентен поен и изнесува 0,92 отсто, додека на годишно нниво пониска е за 0,27 процентни поени.

Просечната каматна стапка кај новоодобрените кредити е 4,25 отсто со забележан пад од 0,27 процентни поенти на месечна основа и на годишна е намалена за 0,08 процентни поенти.

Кај новопримените депозити каматната стапка е 0,71 отсто и е повисока за 0,09 процентни поенти на месечно ниво, но на годишна основа бележи пад од 0,27 процентни поенти.

Кај корпоративниот сектор просечната каматна стапка во февруари изнесувала 3,70 отсто, на новоодборените каматната стапа е 3,76 отсто и бележи месечен раст од 0,16 процентни поени.

Депозитите на корпоративниот сектор имале каматна стапка од 1,20 отсто со месечен пад од 0,02 процентни поени.

Во секторот домаќинства каматната стапка на кредитите изнесува 5,43 отсто со забележан пад на месечно ниво за 0,02 процентни поени, додека кај депозитите во февруари изнесува 0,88 отсто и е минимално намалена за 0,01 процентен поен.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сите физички лица кои остваруваат приход да се регистрираат во е-системот на УЈП за персонален данок

Редакција

Кој е Санел Кустурица, новиот член на Управниот одбор на Шпаркасе банка?

Редакција

Објавен повторениот повик за субвенции на евтини авиолинии

Редакција