еМагазин
Image default
Бизнис

Кој е Санел Кустурица, новиот член на Управниот одбор на Шпаркасе банка?

Санел Кустурица е назначен за нов член на Управниот одбор на Шпаркасе банка Македонија АД Скопје, соопшти банката.

Како член на Управниот одбор, Санел Кустурица ќе биде надлежен за активностите поврзани со работа со корпоративни клиенти и управување со имот и безбедност.

„Својата импресивна банкарска кариера ја започнува во 1999 година како дел од Микро Ентерпрајз Банка АД Сараево, Босна и Херцеговина, каде извршувал неколку функции поврзани со кредитирање, а во 2001 година бил назначен за директор на секторот за кредитирање.

Оваа функција ја извршувал до 2003 година, кога станал дел од Управниот одбор и извршен директор во Прокредит банка АД Сараево.

Во 2006 година Кустурица е именуван за директор на секторот одговорен за големи корпоративни клиенти и клучни клиенти во УниКредит Загребачка банка.

Во 2007 година станува извршен директор и член од Управниот одбор на ХВБ-Централ Профит банка, а од март, 2008 година е назначен за извршен директор и член на Управниот одбор на УниКредит банка БиХ.

Кустурица станува дел од Ерсте и Штаермеркише групацијата во јуни 2009 година, со неговото именување за извршен директор и член на Управниот одбор на Шпаркасе банка АД БиХ, каде во септември истата година е назначен за генерален извршен директор и претседател на Управниот одбор на банката, заклучно со јануари, 2021 година“, информираат од банката.

Фото: Шпаркасе Банка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Српскиот Свислајон Таково ќе произведува кечап и мајонез во Македонија

Редакција

„МЖ-транспорт“ бара од Владата да и отстапи 600.000 литри еуродизел од нафтените резерви

Редакција

Поради штрајк: Железничкиот сообраќај втор ден во прекин

Редакција