МАНУ треба да се трансформира и да не примаат само лекари и економисти, туку да ги примат навистина тие што заслужуваат, а еден од тие сум јас, вели за „Слободен печат“, Авзи Мустафа, еден од основачите на Академско здружение за наука и уметност на Албанците -Тетово.
„Имам конкурирано, но не ме примија. Сакам Академијата да се отвори и сите кои што заслужуваат да бидат примени зашто науката не се дели на етникуми и на партии, но ако МАНУ не се отвори, нема друг начин освен да се формира паралелна академија. Друго чаре нема,“ вели Мустафа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МАНУ: Секаде во светот постои само една национална академија
Во МАНУ има членови од албанска националност, вели академик Фити
Фото: Слободен печат
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.