Албанија на една година ќе го забрани ТикТок, со што стана првата земја на Балканот што го направила тоа.
Забраната ќе стартува на почетокот на следната година, а според албанските власти истата е поради загриженоста за влијанието на социјалните мрежи врз децата.
Во Грција пак, како што јавува дописникот на еМагазин од Солун за сите под 15 години ќе биде забранет пристапот до сите социјални мрежи.
Неколку земји како Франција, Германија и Белгија веќе воведоа вакви ограничување за децата.
Во Австрија исто така веќе има забрана за пристап до социјалните мрежи за сите помлади од 16 години.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ќе го забрани ли и Македонија ТикТок?
Фото: Унсплеш
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.