еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Александар Јанев нов директор на Бирото за јавна безбедност

Александар Јанев од Владата е назначен за нов директор на Бирото за јавна безбедност (БЈБ).

Јанев има 27 годишна полициска кариера која започнала како кадет на Средното полициско училиште „Елисије Поповски Марко“, информираат од таму.

Образованието го продолжил на Правниот факултет „Јустинијан Први“ и на Факултетот за менаџмент на човечки ресурси.

Јанев работел на различни позиции во Министерството за внатрешни работи, вклучувајќи инспектор, раководител на единица и сектор и аналитичар за потребите на Министерството.

Тој е унапреден во главен инспектор во секторот за обезбедување и заштита на личности и објекти и раководел со четири сектори со 300-350 вработени во областа на организираниот криминал, корупцијата, транснационалниот криминал, тероризмот и насилниот екстремизам, велат од Владата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Игор Јанушев нов генерален секретар на Владата

Елена Петрова е нова директорка на УЈП

Бобан Николовски нов директор на Царинската управа

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поранешниот функционер на ДУИ, Исмет Гури донесен во Крвичен

Редакција

Мијалков и Тачи со помали казни за „Титаник 2“, сите обвинети добија по две години затвор

Редакција

Детали од МВР за апсењето на креаторот и администраторот на Јавна соба: Ќе одговараат за „производство и дистрибуција на детска порнографија”

Редакција