еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Алкалоид го доби првото решение за ставање во промет лек во Виетнам

Од Алкалоид АД Скопје информираа дека компанијата го добила првото решение за ставање во промет лек во Виетнам.

-Ова е иницијален чекор кон проширување на нашето портфолио во Виетнам, земја која е дел од Здружението на нации од Југоисточна Азија (АСЕАН).

За Одделот за регулаторни работи во Алкалоид ова претставува значајно достигнување, во согласност со компаниската стратегија за проширување на нови пазари, велат од таму.

Во Виетнам е регистриран муколитички производ, капсули карбоцистеин за орална употреба, кој се користи за олеснување на симптомите на респираторни заболувања придружени со прекумерно создавање слуз.

-Усогласувајќи се целосно со националните регулаторни барања, посветени сме да дадеме значаен придонес во здравствениот систем на овој динамичен и брзорастечки пазар, преку зголемена достапност на нашите лекови до пациентите. Градењето силни партнерства во Виетнам и натаму останува наш фокус, велат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Колкав промет е остварен со акциите на Комерцијална, Алкалоид и Реплек, најтргуваните во декември

Како се движеше цената на акцијата на Алкалоид годинава

Раст на консолидирани продажби од 8% и на консолидираната добивка од 9%, 100 нови вработувања: Што предвидува Бизнис планот на Алкалоид за 2025 година

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Проф. Трајковски: Ковид-19 но и секој вирус никогаш не исчезнува, туку продолжува да циркулира без поголеми избувнувања цело време на дадена територија

Редакција

Шест години затвор за Гордана Јанкулоска за „Тенк“

Редакција

Народна банка: Ќе се ослободат 130 милиони евра за поголема кредитна поддршка од банките

Редакција