еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

„Алкалоид“ трета година по ред е апсолутен победник – најпосакуван работодавач за 2024 година

„Алкалоид“ АД Скопје е прогласен за апсолутен победник во категоријата најпосакуван работодавач за 2024 година, трета година по ред, според анкетата спроведена од веб-порталот „Вработување.ком“, информираат од компанијата.

На манифестацијата организирана од „Вработување.ком“, беа доделени награди за компании во повеќе категории, врз основа на анкетен прашалник спроведен на национално ниво во текот на 2024 година.

-Ова признание претставува особена чест за нас и уште една потврда за нашата посветеност на негувањето на основните компаниски вредности – да креираме работна средина која ги поврзува сите: од вработените до образовните институции и заедницата во која живееме и работиме. Во основата на сето тоа се високите професионални стандарди, кои ја обликуваат корпоративната култура на нашата компанија.

Нашите вработени со своето знаење и посветеност се движечката сила на секој наш успех. Во „Алкалоид“ остануваме посветени на грижата за вработените, како и на нивниот раст и кариерен развој, бидејќи веруваме дека луѓето се најценетиот капитал на нашата компанија.

Низ визија, иновација и поддршка продолжуваме да одржуваме највисоки етички и професионални норми и работна средина која и натаму ќе претставува најпосакуван избор на компанија за вработување на младите луѓе, велат од „Алкалоид„.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Собранието склучи договор со Енерџи деливери солушнс вреден 767,4 илјади евра

Редакција

На Инфективна клиника се врши тестирање за корона вирус на патник кој слетал од Милано

Редакција

СЗО: Нема докази дека новата варијанта на коронавирусот која се појави во Британија е поопасна

Редакција