По предлог на владејачката СДСМ, денеска во Собранието пратениците ја избраа професорката Ана Павловска-Данева за нов уставен судија.
„За“ гласаа 65 пратеници, 26 „против“, а воздржани немаше.
Павловска-Данева е професорка на Правниот факултет при Универзитетот „Кирил и Методиј„ во Скопје, а била и пратеник на СДСМ.
Претходно од СДСМ го повлекоа нивниот предлог, поранешниот јавен обвинител Љубомир Јовески да стане уставен судија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Љубомир Јовески не е повеќе кандидат за уставен судија, СДСМ ја повлече неговата кандидатура
Фото: Собрание
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.