еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Во прашање се денови за испорачување на Палевски во Македонија, тврди Лога

Министерот за правда Кренар Лога, за време на посетата на Турција изјави дека очекува постапката за екстрадиција на Љупчо Палевски Палчо, првоосомничениот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, да заврши брзо.

„Судскaта постапка за ектрадицијата на Палевски е завршена и во прв и во втор судски степен во Турција и е потребно завршување на административниот дел, односно МНР на Турција да стави свој потпис на екстрадицијата,“ изјави Лога за телевизијата Телма.

Двата суда донеле одлука за одобрување на екстрадицијата, а Лога тврди дека „во прашање се денови за негово испорачување во Македонија“.

Фото: Фејсбук/Палевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вчера изгаснати 45 пожари на отворено, а викендов вкупно 71 пожар

Редакција

Убава вест: Оздравени 404 заболени од Ковид-19, во Скопје 204

Редакција

По заканите за живот, МВР патролно го обезбедува Митко Јанчев

Редакција