еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Вчера изгаснати 45 пожари на отворено, а викендов вкупно 71 пожар

Во текот на вчерашниот ден биле регистрирани 45 пожари, а вкупно за викендов имало 71 пожар, при што гореле стрништа, сува трева, ниска вегетација, мешана шума и борова шума и депонии во речиси сите општини.

Според информациите што стигнале до Секторот за операции и координација во Центарот за управување со кризи (ЦУК), противпожарните тимови, некаде помогнати и од месното население, а и со поддршка на воздухоплови на Дирекцијата за заштита и спасување и на МВР, ги изгаснале сите пожари на отворено што гореле овој викенд и беа опасност за граѓаните, материјалните и природните добра во државата.

Фото: ЦУК

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) „Баравме змии, ама немаше,“ светскиот туристички блогер Дацешин со репортажа од Голем град

Редакција

Враќање на фашизмот и провокација: Еврејската заедница ќе поднесе кривична пријава за името на бугарскиот клуб „Цар Борис трети“

Редакција

Не патувајте во Либан, тие што се таму да ја напуштат земјата, повика МНР

Редакција