еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Враќање на фашизмот и провокација: Еврејската заедница ќе поднесе кривична пријава за името на бугарскиот клуб „Цар Борис трети“

Претседателот на Еврејската заедница од Македонија, Пепо Леви, најави дека до Јавното обвинителство ќе поднесат кривична пријава за името на бугарскиот културен центар “Цар Борис Трети„ во Охрид.

Еврејската заедница, како што изјави Леви за ТВ Сител, остро се спротивставува на повампирувањето на ликови од фашистичкиот период на Бугарија.

– По таква една личност да се регистрира културен центар, тоа е директна провокација. Тоа е на одреден начин враќање во фашизмот. Не може фашизмот на таков начин на голема врата да се враќа во Македонија, тоа е недозволиво. Ние ќе поднесеме и кривична пријава до Обвинителството“, изјави Леви за ТВ Сител.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Охрид ќе се отвори втор бугарски културен центар „Цар Борис III“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед на состојбата со заболени од Ковид-19 по македонските болници

Редакција

44,4% од новозаболените со Ковид-19 во Македонија рекле дека имале контакт со потврден случај

Редакција

Прекрошоци за 420 граѓани коишто не носеле заштитна маска

Редакција