еМагазин
Image default
Македонија

Детален преглед на состојбата со заболени од Ковид-19 по македонските болници

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во земјава е пријавено дека се лекуваат 563 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот, информира Министерството за здравство.

„Во регионалните центри во Битола и Штип се хоспитализирани дополнителни 131 болен, со што вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19 вирусот кои болнички се лекуваат во ковид центрите е 694.

Во болниците во внатрешноста има околу 80 слободни болнички кревети, а се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 74 пациенти на позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во болницата во Штип се хоспитализирани 57 пациенти. На  инфективното одделение во Тетово има 47 пациент, во Велес се лекуваат 71 болен, а во Куманово 70 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 96 пациенти, во Прилеп 94, во ковид центарот во Гостивар 39, а во Струга 30 болни.

Во болницата во Струмица лежат 22 пацинети, во Кочани 22, во Кичево 20, Кавадарци 42, а во Гевгелија 10 лица позитивни на корона вирусот.

Имајте во предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти“, велат од Министерството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Убава вест: Оздравени 692 лица кои боледувале од Ковид-19

Починаа уште 18 лица од Ковид-19, вкупно 1.281

Нови 1.168 случаи на Ковид-19 од 3.353 тестирања

Нови 54 случаи на Ковид-19 во тиквешко: Позитивни здравствен работник и вработена во градинка

Фото: Министерство за здравство

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ревакцинирани вкупно 503.401 граѓани: 70% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина

Редакција

Нема потписи на ЛДП на списокот за ново парламентарно мнозинство, вели лидерот Милевски

Редакција

На 7 години одземена лиценцата на анестезиологот од Тетово, кој објавуваше снимки на пациентки на Тик ток

Редакција