еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

На 7 години одземена лиценцата на анестезиологот од Тетово, кој објавуваше снимки на пациентки на Тик ток

Судот на честа при Лекарската комора на денешната седница донесе одлука за привремено одземање на лиценцата за работа на д-р Ваљтон Дервиши, специјалист анестезиолог, вработен во ЈЗУ Клиничка болница Тетово.

Лиценцата за работа на докторот привремено се одзема за период од седум години, што согласно правните прописи е максимална казна што може да се изрече за етички прекршок во работењето.

Судот на честа, соопштија од Лекарската комора, утврди дека докторот сторил повреда на Кодексот на медицинска деонтологија на Лекарската комора, како и Меѓународниот кодекс на медицинска етика.

Докторот на медицина, посочуваат од Лекарската комора, својата професија треба да ја врши совесно и одговорно со почитување на човековото достоинство. Тој е должен да ги почитува и штити правата на пациентите и да ја чува нивната доверба и тајност на медицинските податоци.

Потенцираат дека почитување на етичките норми е најважната основа на која лекарите секојдневно ги практикуваат своите стручни знаења во областа на медицина и ги лекуваат пациентите.

– И најстручниот лекар не е доволно добар лекар, доколку не ги почитува етичките норми и правила. Лекарската комора, како професионално здружение на сите доктори на медицина во нашата земја, нема да дозволи дигнитетот и угледот на докторите да бидат загрозени од неодговорно однесување на поединци во фелата.

Со денешната Одлука органите на Комората како легитимни претставници на сите нејзини членови испраќаат порака дека лекарите веруваат во етичките вредности и правила и силно ќе се залагаат за нивно доследно почитување во работата, стои во соопштението од Лекарската комора.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Поднесено обвинение за анестиозлогот од Тетовската болница кој објавуваше снимки на „Тик Ток“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Захариева: Не смеат да останат нерешени прашања помеѓу Македонија и Бугарија пред зачленувањето во ЕУ

Редакција

Министерството за здравство не е најодговорно за смртта на Благојче, вели министерот Сали

Редакција

Притвор за двајца за обидот за убиство на јавен обвинител од Гостиварско

Редакција