еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Министерството за здравство не е најодговорно за смртта на Благојче, вели министерот Сали

Министерството за здравство не би било најодговорната институција за смртта на пациентот со цистична фиброза, кој не дочека набавка на лекот „Трикафта“, изјави денеска ресорниот министер Беким Сали.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Почина пациент со цистична фиброза, кој што лекот го барал од 2020 година

По денешната посетата на Општа болница Струга, прашан дали чуствува одговорност за смртта на младиот битолчанец, тој рече дека на време пријавиле и побарале поддршка од Владата и Министерството за финансии, за да одговорат позитивно на барањето за третман на пациентите со цистична фиброза.

– Вчера изразив сочуство до сите членови на Асоцијацијата, со кои сум во постојана комуникација. И они ја знаат мојата спремност за решавање на тој проблем кој за жал беше наталожен од други фактори, а не од Министерството за здравство.

Имајќи предвид дека Министерството не ги купува лековите, туку го организаира системот и правно го овозможува давањето ингеренции на установите со што можат да располагаат и како да се организираат, изјави Сали.

Тој посочи дека вршат измени на три закони, кои ќе овозможат директно преговарање со производител на лекови.

– Со денешна одлука на Фондот за здравствено осигурување, а во меѓувреме треба да се одржи и седницата на Управниот одбор, треба да се одлучи за дополнителен буџет кој ќе се одобри на педијатрија за да може да обезбеди лекови „трикафта“ за пациенти кои се во критична состојба, рече Сали.

Според него, осуммина се во критична состојба и уште 22 се во фаза на средно тешка состојба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ковачевски: Можевме да го спасиме Благојче, но, зошто не го направивме тоа е главното прашање

Обезбедени дополнителни 140 милиони денари за лекот „трикафта“ за пациентите со цистична фиброза

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Историска посета: Пендаровски со сопругата на 5 и 6 октомври во Грција

Редакција

181 лица од заболените со коронавирусот во Македонија се со хронична и здравствени состојби

Редакција

Нема договор меѓу СОНК и Министерството за образование и наука, преговорите продолжуваат

Редакција