еМагазин
Image default
Македонија

Историска посета: Пендаровски со сопругата на 5 и 6 октомври во Грција

Претседателот Стево Пендаровски на 5 и 6 октомври ќе престојува во дводневна официјална посета на Хеленската Република.

Како што најавија од претседателскиот кабинет, во вторник на 5 октомври, Пендаровски во претседателската палата во Атина, на официјална церемонија со државни и воени почести, ќе биде пречекан од претседателката на Хеленската Република, Катерина Сакеларопулу, по што ќе се одржат тет-а-тет средба, и пленарен состанок на делегациите на двете држави.

Претседателот Пендаровски ќе оствари средба и со премиерот на Хеленската Република, Киријакос Мицотакис, а ќе се сретне и со градоначалникот на Атина, Костас Бакојанис.

Во рамки на посетата, Пендаровски ќе положи венец пред Споменикот на незнајниот војник на платото пред Парламентот на Хеленската Република, ќе го посети музејот Бенаки, каде што е предвидено разгледување на архивата на Константинос Доксијадис и ќе оствари средба со амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Хеленската Република, Џефри Пјат.

За време на посетата, претседателот Пендаровски ќе биде придружуван од сопругата, Елизабета Ѓоргиевска, која што во рамки на дамската програма, ќе ја посети Националната галерија во Атина, во придружба на Лина Мендони, министерка за култура и спорт на Хеленската Република.

Инаку, официјалната посета на претседателот Пендаровски на Хеленската Република претставува прва историска посета што ќе се реализира на највисоко ниво меѓу двете држави.

Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На денешното судско рочиште, доктор од Судска медицина ја откри причината за смртта на Саздовски

Редакција

Ковачевски во Брисел кажа НЕ за францускиот предлог

Редакција

(Фото) Пендаровски оддаде почит на гробот на Панко Брашнаров, потпретседател на Президиумот на АСНОМ, во Загреб

Редакција