еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ковачевски во Брисел кажа НЕ за францускиот предлог

Премиерот Димитар Ковачевски кажа НЕ за францускиот предлог, на заедничката прес-конференција со албанскиот премиер Еди Рама и српскиот претседател Александар Вучиќ.

Ковачевски истакна дека тој предлог во ваква форма, лично е неприфатлив за него, претседателот, коалициските партнери и граѓаните.

Тој побара, билатералните прашања со Бугарија да се држат настрана од преговарачката рамка и побара достоинствено влегување во Унијата, која е симбол на убавина на различностите, без притоа некој да биде уценуван за јазик, идентитет, култура, историја.

Ковачевски ги повтори црвените линии, кои вчера ги напиша на неговиот Фејсбук-профил.

Ковачевски, најпрво зборуваше на македонски, а потоа на англиски јазик.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Ковачевски: Треба да се приклучиме гордо кон ЕУ, во прв план се стратешките интереси и цели на државата

Ковачевски за францускиот предлог: Еве кои елементи од него се клучни, за да биде прифатлив за нас

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВО ЖИВО) Чествување на роденденот на Гоце Делчев во Свети Спас

Редакција

Уште 2 лица починаа од коронавирусот: 18 нови случаи, вкупната бројка на заболени 259 лица

Редакција

Со изведување дополнителни докази продолжува судењето за „Таргет-Тврдина“

Редакција