еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Нема потписи на ЛДП на списокот за ново парламентарно мнозинство, вели лидерот Милевски

Претседателот на Либерално демократската партија, Горан Милевски истакна дека потписи на ЛДП нема, а нема ни да има на списокот за постигнување на ново парламентарно мнозинство, составено од ВМРО-ДПМНЕ, Алтернатива, Алијанса за Албанците, Левица и Беса.

– Потписи на ЛДП нема на списокот, нема ни да ги има. Јас не можам да коментирам за се што се зборува, рече Милевски во изјава за ТВ21.

Претпладнево, пратеникот на Алтернатива, Скендер Реџепи-Зејд во изјава за ТВ Алсат го потврди ставот за кој веќе се шпекулира во јавноста оти го повлекува својот потпис за постигнување на ново парламентарно мнозинство составено од ВМРО-ДПМНЕ, Алтернатива, Алијанса за Албанците, Левица и Беса.

– Кога ја составувавме листата, Левица не беше дел од неа. Не прифаќам мојот потпис да е дел од списокот заедно со потписот на лидерот на Левица. Не го добивме мандатот за да и служиме на антиалбанска кауза, рече Скендер Реџепи-Зејд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Села: Повлекувањето на Реџепи од Алтернатива не значи дека новото парламентарно мнозинство е пропаднато

Реџепи од Алтернатива се предомисли поради Левица, го повлекува потписот од „списокот“ на Мицкоски

МИА/Фото: Милевски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Времето денеска сончево и топло, наредните денови дождови

Редакција

„Виз ер“ ги откажа летовите од и до Обединетото Кралство, поради силен снег

Редакција

Полицаец лишен од слобода, на странци им зел 20 евра

Редакција