еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

„Виз ер“ ги откажа летовите од и до Обединетото Кралство, поради силен снег

Силен снег и неповолни временски услови го погодија Обединетото Кралство на 11 декември, што доведе до големи нарушувања во копнениот јавен превоз и сите авиокомпании кои летаат во и надвор од Обединетото Кралство.

Прекините во локалниот копнен јавен превоз го спречија персоналот на аеродромот (агенти за безбедносна проверка, агенти за копно, персонал за одмрзнување на авиони) да стигнат до своето работно место, додека повеќе од 10 сантиметри снег се акумулираа на пистите и другите делови на аеродромите и ги спречија авиокомпаниите да полетуваат или слетуваат на неколку аеродроми во Обединетото Кралство.

„Виз ер исто така беше погоден од овие неочекувани околности и, за жал, мораше да откаже или во голема мера да одложи некои од своите летови до и од аеродромите во Лондон – Лутон и Гетвик.

Тимовите работат напорно за да го вратат нормалното функционирање, во оваа фаза, но има голем број фактори кои се надвор од контрола на авиокомпанијата.

„Виз ер“ ги информираше своите патници кои резервирале директно преку wizzair.com или нејзината мобилна апликација за моменталната ситуација и нивните опции за повторно резервирање летови, додека патниците кои резервирале лет преку посредник треба да се обратат до посредничките компании за дополнителни информации.

Авиокомпанијата работи напорно со своите локални партнери за да обезбеди хотелско сместување на заглавените патници, но „Виз ер“ советува дека поради десетици илјади заглавени патници на неколку аеродроми во Обединетото Кралство, наоѓањето соодветно сместување може да потрае подолго од очекуваното.

„Виз ер“ е посветен на обновување на нормалното работење што е можно поскоро и им се заблагодарува на своите патници за разбирањето и поддршката во овие тешки моменти,“ велат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Визер укина неколку линии од Македонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тетекс откупи сопствени акции

Редакција

Петар Андреевски, член на НО на Реплек за првпат купи акција на компанијата

Редакција

(ГАЛЕРИЈА) Долги колони на Белградски саем, но вакцинацијата се одвива брзо поради врвната организација

Редакција