еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Продолжува потрагата по лицето што скокна во Вардар

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека продолжува потрагата по лицето што вчера скокна во реката Вардар.

– По направената координација од страна на ЦУК со МВР, ДЗС, локалните самоуправи Гази Баба, Аеродром и Град Скопје, како и Црвениот крст, денеска се врши потрага низводно по течението на Вардар во ширина на пресекот на струјата на речното корито исклучиво од страна на специјализираните единици на МВР со чамец, се наведува во соопштението од ЦУК.

Според ЦУК, тимовите на Црвениот крст и ДЗС денеска не учествуваат во потрагата, затоа што густата крајбрежна вегетација не дозволува и ја отежнува визуелната потрага од двете страни на речното корито.

Од Центарот додаваат дека доколку лицето и денеска не биде пронајдено, за утре е планирано да се вклучи еден тим од ДЗС, специјализиран за вакви потраги и акции на вода, во пребарување на течението на реката Вардар, од село Таор кон Велес.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Маж утрово се фрли во Вардар, лошите временски услови ја прекинаа потрагата

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пановски за стартот на учебната година, во услови на високи ковид-бројки: „Јас лично би почнал со комбиниран модел, во смени на две недели“

Редакција

ЕСМ и топланата „Скопје Север“ потпишаа договор – ќе продолжи испораката на греење во општините Чаир и Бутел

Редакција

Поради пожарот сообраќајот Делчево-Пехчево повторно во прекин, словенечките пожарникари на терен

Редакција