еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Чеченскиот лидер Кадиров му порача на Путин да размисли за употреба на нуклеарно оружје во Украина со мала моќност

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров изјави дека Москва треба да размисли во Украина да употреби нуклеарно оружје со мала моќност, по новиот голем пораз на бојното поле.

Коментирајќи го губењето на руското стратешко упориште, градот Лиман, во источна Украина, Кадиров на каналот Телеграм напиша: „Според мене, треба да се преземат подрастични мерки, кои би оделе до таму што ќе се прогласи вонредна состојба во пограничните области, како и употреба на нуклеарно оружје со помала моќност.”

Чеченскиот лидер ова го кажа откако рускиот претседател Владимир Путин официјално ја објави анексијата на четирите украински региони, вклучувајќи го и Доњецк, каде што се наоѓа градот Лиман, и сите овие места ги стави под руски „нуклеарен чадор”.

Путин исто така, кажа дека Москва ќе ги брани териториите што ги окупира „со сета сила и со сите свои средства”.

Познато е дека Русија го има најголемиот нуклеарен арсенал во светот, вклучувајќи го и тактичкото нуклеарно оружје со помала сила, дизајнирано да се користи против ривалските армии.

Останатите сојузниците на Путин, меѓу кои поранешниот претседател Дмитриј Медведев сугерираат дека Русија можеби треба да прибегне кон нуклеарно оружје, но повикот на Кадиров е досега најексплицитен.

МИА/Фото: Кабинет на Путин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Грција не е за одвојување на Македонија и Албанија, му кажал Мицотакис на Заев

Редакција

Убава вест: Стоматолошките услуги од денес достапни кај сите стоматолошки ординации

Редакција

(Видео) Асим Муса, заменик министерот за здравство од ДУИ снимен како зема поткуп

Редакција