еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

„Безбеден град“ ќе се имплементира и во Тетово и Куманово, до тогаш засилени контроли

Проектот „Безбеден град“, освен во Скопје во првата фаза ќе се имплементира во Тетово и Куманово, најави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски при денешната средба со градоначалникот Билал Касами.

Тошковски истакна дека со засилениот ангажман на полицијата преку засилените акциски контроли, во последните два месеци резултираше со намалување на бројот на сообраќајни незгоди со тешки телесни повреди за околу 50% проценти.

„Со имплементацијата на проектот „Безбеден град“ кој во прва фаза го опфаќа и Тетово навистина ќе можеме да очекуваме многу помали бројки како во делот на сообраќајни незгоди, така во делот на посериозни сообраќајни незгоди со тешки телесни повреди, материјални штети и жртви,“ подвлече Тошковски.

Тој за следниот период во Тетово најави засилени акциски сообраќајни контроли заедно со градската „пајак служба“ со цел решавање на горливиот проблем со погрешно запирање и паркирање на возила кој е изразен во Тетово.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Несекојдневна кражба: Им „здиплил“ над 26.000 килограми јаболка

Редакција

Детален преглед: Министерства и институции кои трошат најмногу пари од буџетот

Редакција

Бучковски на „тапет“ на Твитер откако Владата го назначи за специјален преставник за Бугарија

Редакција