еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Братството од Бигорски манастир си го врати хакираниот Инстаграм-профил

Братството од Бигорски манастир си го врати хакираниот Инстаграм-профил.

„Ве известуваме дека со Божја помош, повторно ја вративме контролата врз нашиот официјален Инстаграм профил!

Ги известуваме сите наши следбеници, кои во меѓувреме го пријавиле, отследиле или блокирале профилот додека беше хакнат, дека сега можат слободно да го заследат повторно,“ велат од Бигорски манастир.

Од таму апелираат, да не се кликнува на линковите кои беа испраќани во порака на Инстаграм изминатите три дена, бидејќи станува збор за хакерски напад.

„Голема благодарност до сите добри луѓе кои се вклучија и помогнаа во враќањето на профилот, чиишто имиња ги знае Бог. Просиме обилен Божји благослов за сите нив! Ви благодариме и на сите вас за поддршката и молитвите! Вашата љубов и грижа се неизмерна радост и поткрепа за нас! Бог да ве благослови сите,“ велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Инстаграм-профилот на Бигорски манастир е хакиран, содржините не ги објавува братството

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Чаир прв во Македонија по активни случаи на Ковид-19: Како изгледа бројот на заразени по скопските општини

Редакција

Татко пријавил дека пријател на неговата поранешна сопруга ја допирал нивната малолетна ќерка

Редакција

Струшки „Илинден“ го доби тендерот на ЈП за одржување патишта за набавка на битумен вреден 8,5 милиони евра

Редакција