еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Бројот на туристи зголемен за 8,8%

Во првите десет месеци годинава, во однос на истиот период лани, бројот на туристите е зголемен за 8,8%, и тоа: кај домашните туристи има намалување за 1%, а кај странските има зголемување за 14,7%, соопшти Државниот завод за статистика.

Во периодот јануари – октомври 2024 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 5,5%, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 2,1%, а кај странските има зголемување за 9,9%.

Бројот на туристите во октомври 2024 година изнесува 107.672, од кои 25,8% се домашни туристи, а 74,2% се странски туристи.

Бројот на ноќевањата во октомври 2024 година изнесува 211.611, од кои 32,5% се од домашните туристи, а 67,5% од странските туристи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пратеници од првиот парламентарен состав повикаа да се гласа „за“ на референдумот

Редакција

Кој е Доналд Трамп, новиот претседател на САД

Редакција

Величковски нов началник на СВР Штип, Јаковлевски на ОВР Кочани

Редакција