еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Бугарското МНР во одбрана на амбасадорот Радуков, тврди и дека Муцунски одбил средба со неговиот колега

Бугарското Министерство за надворешни работи (МНР) застана во одбрана на нивниот амбасадор Жељаско Радуков, кој вчера одби да ја прими протесната нота на македонското Министерство за надворешни работи и надворешна трговија, поради тоа што македонското знаме беше изоставено на средбата на македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова со нејзиниот бугарски колега Румен Радев во Софија, Бугарија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарскиот амбасадор одбил да ја прими протестната нота

Од бугарското МНР велат дека посетата на Сиљановска Давкова, како и што претходно изјави Радев, била по повод културен настан и нема карактер на државна, официјална или работна посета.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За Радев посетата на Сиљановска Давкова не била ниту државна, ниту работна, затоа го немало македонското знаме

„Посетата беше по повод културен настан – гостување на Националната опера и балет на Република Северна Македонија во Софија и нема карактер на државна, официјална или работна посета.

Во такви случаи, протоколарната практика не предвидува интонирање на химните, поставување други државни знамиња, како и други протоколарни атрибути.

Ова вчера го изјави и амбасадорот Радуков во разговорот со дипломатите од Министерството за надворешни работи на Северна Македонија“, велат од таму за бугарска Нова.бг.

Оттаму додаваат дека водени од желбата за добрососедски односи, за време на посетата на македонската делегација на Софија до министрите за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и за култура Зоран Љутков биле испратени покани за средби со нивните колеги.

„За жал, поканата од министерот за надворешни работи, Иван Кондов, до министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, е одбиена“, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е бугарскиот амбасадор Радуков, кој одби да ја прими протесната нота на МНР за македонското знаме

Видов дека го нема знамето и мислев да си заминам, но ќе направев скандал, објасни Сиљановска Давкова за инцидентот во Бугарија

Македонија загрижена за отстапувањето од договорениот протокол: Што пишува во протесната нота до Бугарија

Фото: Бугарско МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: 30 оздравени од Ковид-19

Редакција

Турско МНР: Анкара го поддржува членството на Македонија во ЕУ и НАТО

Редакција

Три години затвор за обвинетиот за сообраќајката кај „Сити мол“, во која загина радовишанката Викторија Николова

Редакција