еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Вакцинирани 950 деца со пропуштени рутински вакцини

Над 950 деца досега се вакцинирани во нивните домови или им е закажан термин за вакцинација со пропуштени рутински вакцини и се поделени над 1.400 информативни брошури, во рамки на заедничката кампања на Министерството за здравство и Светската здравствена организација, со поддршка од Европската Унија, насловена „Од врата до врата“, информираат од Министерството.

Во рамки на оваа кампања се вакцинирани и 500 граѓани над 65 годишна возраст во нивните домови со вакцина против сезонски грип кои не можеле да пристапат до пунктовите за имунизација. За нив е обезбедена и бивалентна ревакцина за Ковид-19.

Во кампањата се вклучени 30 медицински тимови од здравствените домови и  Институтот за јавно здравје, кои планирано е да посетат 2.900 семејства, во над 150 населени урбани и рурални места.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) „Паоло Бочели“ во центарот на Скопје налик на продавница за чевли во европска метропола

Редакција

Минатата недела пораснал бројот на лица кои по вторпат се заразиле со Ковид-19

Редакција

Доктор Беќаровски: Проливот, гадењето и повраќањето многу често се првиот симптом дека сте заразени со омикрон БA-5

Редакција