еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

(Видео) „Бумеранг“ – нова песна на Викторија Лоба

„Бумеранг“ е повеќе од музика – таа е симбол на љубовта, сеќавањата и кругот на животот кој секогаш ни се враќа, а со својата емотивна длабочина и инспиративна порака го одбележува крајот на старата и почетокот на новата година.

Компонирана за само неколку часа од мајсторот Лазар Цветковски и самата Викторија Лоба, „Бумеранг“ го спојува нејзиниот талент со моќен текст што таа лично го напиша.

„Бумеранг“ е композиција која ја чувствувам како дел од мене – не само затоа што ја создадовме во еден спонтан, инспириран момент, туку и затоа што нејзината порака длабоко зборува за тоа кои сме ние како луѓе. Животот е круг – сè што даваме, се враќа назад, на свој начин, и токму тоа сакав да го доловам со оваа песна,“ изјави Викторија Лоба.

Видео записот за песната е вистинско ремек-дело. Снимен на три различни локации – магичниот Галичник, урбаното Скопје, Македонија и идиличната Грција – видеото ја раскажува визуелната приказна за „Бумеранг“, внесувајќи уникатна енергија и емоција.

„Снимањето на видеото беше вистинско патување. Галичник, со својата традиција и магична атмосфера, Скопје, со неговата динамика, како и Грција, со нејзината безвременска убавина – сето тоа внесе посебен печат на приказната што ја раскажува „Бумеранг“.

Се чувствувам благодарна што имав можност да работам со неверојатен тим на професионалци како Дарко Митев, Борис Ралев, Сергеј Сарчевски и Душан Цимбањевиќ. Нивната посветеност и креативност помогнаа да создадеме нешто уникатно, нешто што ќе го допре срцето на секој што ќе го види и слушне,“ додаде Викторија.

Зад видеото стои тим од искусни професионалци: Дарко Митев како режисер, Борис Ралев како директор на фотографија, Сергеј Сарчевски како колорист и Душан Цимбањевиќ како гафер. Нивната креативност и посветеност резултираа со видео кое совршено ја доловува емотивната суштина на песната.

„Бумеранг“ не е само песна – тоа е порака, потсетник дека љубовта, добрината и искреноста се враќаат како ехо, токму кога ни се најпотребни. Со оваа песна сакам да ја испратам 2024 година со благодарност и да ја пречекам 2025 година со надеж и радост. Верувам дека ова ќе биде химна за нови почетоци и позитивна енергија за сите нас,“ истакна Лоба.

Промотивна објава
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Ресторан „Белојшки бисер“ е вистински бисер под падините на Шара

Редакција

Адвокатот Дуковски: Обвинителството нема доказ во предметот против Бојан Јовановски

Редакција

Продолжува потрагата по 30-годишниот маж во браната Глажња

Редакција