еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Видео) Во Скопје запален билборд со Арбен Таравари

Синоќа во Скопје е опожарен билборд со Арбен Таравари, кандидат за претседател на коалицијата „Вреди“, која ја сочинуваат Беса, Алтернатива, Демократско движење и симпатизери на партијата на косовскиот премиер Албин Курти, Самоопределување.

Билбордот се наоѓа во близина на Зоолошката градина, а како што информираа од коалицијата тој горел само од едната страна. Од таму за инцидентот ја обвинија владејачката ДУИ.

-Би сакале да веруваме дека е несреќа, но билбордот од другата страна воопшто не беше допрен.

Се знае која партија има насилници и криминалци во своите редови, се знае која партија ја користи власта за да се збогати и да го плаши народот. Времето на страв заврши.

Оние кои палат билборди од гнев дека ги губат изборите, мора да бидат казнети од законот и правдата, но и од меѓународните набљудувачи, стои меѓудругото во реакцијата на коалицијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тројца кандидати на странска политичка партија за парламентарните изборите

Видео: ТВ 21/фото: Таравари/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Проф.Трајковски: „Толку беше со постоечките соеви, а дали новите потсоеви XE, XF, XD на омикрон можат да направат некакво избувнување, ќе видиме најпрво во Европа“

Редакција

Бизнис-планот на Алкалоид за 2024 година предвидува консолидирани продажби од над 295 милиони евра

Редакција

49-годишен маж од Лисичани починал додека возел, возилото излетало од патот

Редакција