еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

(Видео) Грција го гради најголемиот и најзелениот паметен град во Европа, вреден 8 милијарди долари

Градот Елиникон кој се гради на местото на поранешниот атински аеродром на брегот на Егејското море во Грција, ќе биде најголемиот и најзелениот паметен град во Европа, пишува „Бизнис инсајдер“.

Проектот со технолошки паметна и еколошка инфраструктура е во вредност од 8 милијарди долари, а ќе има облакодери, трговски центри, спортски паркови…

Во рамките на градот ќе биде и кулата Ривиера, првиот облакодер во Грција и највисоката зграда, со 180 станови на 50 ката.

Изградбата првично требаше да започне во 2008 година, но беше одложена поради светската финансиска криза која ја доведе грчката економија на работ на колапс.

Првата фаза од проектот се очекува да биде завршена до 2026 година.

Фото/видео: Промо/Billion Dollar Builds

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Средношколецот Сердар Цветков прв во Европа на компјутерски натпревар во САД

Редакција

Каракачанов со „воспитна“ до Заев: Злоупотребата на македонскиот јазик може да ве чини членство во НАТО и ЕУ

Редакција

Поради тоа што ќе ја подржи Владата на Ципрас, пратеникот Спирос Данелис отстранет од пратеничката група на Река

Редакција