еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

(Видео) Земјотреси го испразнија Станторини, над 11 илјади лица го напуштија островот

Секојдневните земјотреси од 26. јануари ги натераа жителите на Санторини, Грција, но и туристите, да го напуштат островот, кој важи за една од најпознатите светски туристички дестинации.

Заклучно со вчера вулканскиот остров, како што објавија грчките медиуми го напуштиле над 11.000 лица, кои заминале со брод или авион.

Во периодот од 26. јануари до вчера се регистрирани над 750 земјотреси.

Сеизмолози велат дека земјотресите се предизвикани од подигнување на нивото на лавата од длабочината кон земјината површина и дека постои можност за создавање на многу силен земјотрес или нов вулкан.

Тие проценуваат дека интензивната сеизмичка активност може да трае со денови или дури недели.

Видео: Х

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Честитка од Ахмети во воена униформа за формирање на косовската армија

Редакција

Мнозинството граѓани сметаат дека животот во државата се движи во погрешна насока

Редакција

Едмонд Калиќи на местото на Хавзи Емини во Надзорниот одбор на М-НАВ

Редакција