еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

„Виз ер“ ќе лета од Скопје за Салцбург

„Виз ер“ започна со новата рута од Македонија до Салцбург, Австрија, информираат од компанијата.

Првиот лет полета од Скопје во понеделник, 1. април. Летовите во текот на годината ќе се одржуваат три пати во неделата, и тоа во понеделник, среда и петок.

Со резервирање на летните патувања уште од сега, патниците можат да ја искористат најниската цена на „Виз ер“ на оваа нова рута, почнувајќи од само 1.229 денари. Билетите сега се достапни на веб страницата на „Виз ер“ и на мобилната апликација на авиокомпанијата.

Севкупно, оваа летна сезона „Виз ер“ ќе извршува преку 30 линии од Македонија до 14 држави во Европа и е горд што нуди над 800 стотици седишта за патници, зацврстувајќи ја нејзината лидерска позиција на пазарот.

„Оваа нова рута не само што ја подобрува поврзаноста меѓу Македонија и Австрија, туку и ги отвора вратите за волшебните искуства кои што ги нуди Салцбург.

Салцбург, познат по своите живописни пејзажи и богатото културно наследство, ги освојува патниците со својот волшебен стар град, сместен среде воодушевувачките австриски Алпи кои го одземаат здивот.

Посетителите можат да се нурнат во родното место на Моцарт, истражувајќи ги добро познатите знаменитости како што се тврдината Хоензалцбург, палатата Мирабел и воодушевувачката катедрала во Салцбург.

Живописната уметничка сцена во градот, реномираните фестивали на класична музика и вкусните кулинарски задоволства ветуваат незаборавно искуство за секој патник.

Со започнувањето на оваа нова рута, „Виз ер“ потврдува својата посветеност на проширување на својата мрежа, поврзувајќи ги патниците со возбудливи дестинации, притоа давајќи приоритет на поволните цени во комбинација со висококвалитетната услуга во авионот,“ се вели во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мицкоски: Најдоцна до 14.30 часот утре, ќе биде поднесена иницијативата за гласање недоверба на Владата

Редакција

Никој нема да одговара за утката за промоција на Македонија со фотографија од Германија

Редакција

„Тиквеш“ со добивка од 24 милиони денари за три месеци

Редакција