еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Владејачката ХДЗ победи на изборите во Хрватска, формирањето на влада неизвесно

Владејачката Хрватската демократска заедница (ХДЗ), чиј претседател е актуелниот премиер Андреј Пленковиќ е победник на парламентарните избори во Хрватска кои се одржаа вчера.

ХДЗ освои 60, а Социјалдемократската партија (СДП) 42 мандати, покажуваат податоците на Државната изборна комисија, по преброени 98% од гласовите.

Следат Движењето Татковина со 14 мандати, Мост со 11 мандати, а петти се Можеме со 10 освоени пратенички мандати.

Гласале 61,99 отсто од избирачите.

За да се формира влада потребна е поддршка од најмалку 76 од вкупно 151 пратеници во хрватскиот Сабор.

И од ХДЗ и од СДП најавија дека од денеска почнуваат разговори за формирање ново парламентарно мнозинство.

Фото: Фејсбук/Пленковиќ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед по скопски општини: Чаир рекордер по заболени од корона вирусот, растат бројките во Аеродром и Карпош

Редакција

(Видео) Нов видеоспот на Калиопи за песната “Дај, дај ми дај”, сингл од новиот албум “Албум”

Редакција

Твитер „гори“ за можните рестрикции: „Шумска полиција наместо дрвокрадци ќе лови планинари без маски?“

Редакција