еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Влијанието на лошите животни навики може да се контролира со примена на подобри алтернативи

Правилна исхрана, умерена физичка активност, квалитетен сон, справување со стрес, намален внес на шеќери и преработена храна, умерена употреба на алкохол, престанок со пушење цигари се само дел од навиките кои можат да влијаат на намалување на бројот на пациенти и смртни случаи од најчестите масовни незаразни болести како што се кардиоваскуларните заболувања, дијабетес и респираторни проблеми.

Заклучокот на неодамна одржаниот симпозиум, дел од проектот „Стоп за лоши навики” во организација на „Здруженито на лекари специјализанти” е здравите навики се клучни за зачувување на кардиоваскуларното и севкупно здравје.

Научен сор. д-р Цветанка Волкановска Илијевска, ендокринолог, смета дека во клиничката пракса треба да се стави акцент на превенција и рано откривање на дијабетесот кај ризични групи пациенти.

Основа на превенцијата е контрола на модифицирашките ризик фактори за појава на дијабетес (ограничен внес на шеќери, квалитетна исхрана, кампањи за јавно здравје преку кои ќе се промовираат поволните ефекти од здравите мерки како што се прекин на пушење цигари, ексцесивна конзумација на алкохол, редовна физичка активност и редовни контроли на шеќер во крвта).

-Добро е познато дека пушењето е една од причините за појава на дијабетес тип 2. Всушност, луѓето кои пушат цигари имаат 30%–40% поголеми шанси да развијат дијабетес тип 2 отколку луѓето кои не пушат.

Освен тоа, без разлика на типот на дијабетес, пушењето ја отежнува контролата на дијабетесот. Ако имате дијабетес и пушите, поголема е веројатноста да имате сериозни здравствени проблеми, смета д-р Волкановска Илијевска.

Стапката на дијабетес тип 2 се зголемува на светско ниво, и покрај огромните напори за превенција и третман се предвидува дека до 2045 година 783 милиони ширум светот ќе боледуваат од дијабетес тип 2.

Катранот, како и другите компоненти на чадот од тутунот, имаат негативен ефект врз кардиоваскуларниот систем, забрзан пулс, зголемен крвен притисок, а дополнително поради ефектот на стеснување на малите крвни садови, постојат идеални услови за таложење на штетните масти во нивните ѕидови.

Овој процес во голема мера го зголемува ризикот од срцев удар и мозочен удар. Лицата со дијабетес често имаат „тивок“ срцев удар кој се случува без предупердувачката градна болка, позната како ангина, а тоа ги става во ризик за неневремена интервенција и последователен развој на срцева слабост или смрт.

Истражувањата покажуваат и дека пушачите се повеќе склони кон срцеви заболувања, дури и кога пушат само неколку цигари дневно. Покрај драстичното оштетување на крвните садови, пушењето кај лицата со дијабетес го зголемува ризикот за болна невропатија, оштетување на бубрезите кое може крајно да заврши со дијализа, оштетување на очите и инфекции, гангрена и ампутации на долните екстремитети.

Промени во животниот стил се камен-темелник на превентивните мерки и во значајна мера го сречуваат напредувањето на предијабетес во дијабетес. Diabetes Prevention Program Study (DPP) е студија која покажала импресивни резултати. Резултатите од оваа студија јасно покажаа дека ризикот за дијабет кај лицата со предијабетес и прекумерна телесна тежина може да се редуцира за 50% ако се намали телесната тежина, преку здрава исхрана и доволна физичка активност, ни пренесе д-р Цветанка Волкановска Илијевска.

Проектот „Стоп за лоши навики“ претставува повик до сите граѓани на Македонија да преземат активна улога во подобрувањето на сопственото здравје и благосостојба. Овој проект не е само за поединците, туку за целата заедница – затоа што секој од нас може да направи разлика. Време е за промена, и таа промена започнува со одлуката што ќе ја донесеме денес.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

47-годишна жена почина од труење со пестицид, сопругот и свекрвата завршија во болница

Редакција

Почината девојка пронајдена во нива во Визбегово

Редакција

Почнаа летните горештини: Температури до 36 степени

Редакција