Во гостување во „Тема на денот“ на телевизија Сител, микробиологот д-р Никола Пановски истакна дека сојот омикрон, најновата варијанта на Ковид-19, најверојатно веќе е присутен во земјава и дека треба да се преземат мерки.
„Не треба да се ризикува за да не дојде до експлозија во болниците и поставување на модуларни болници. Треба да се преземат мерки.
На пример Грција воведе задолжителен ПЦР тест за сите патници. Јас да сум некој фактор во државата, веднаш после нив би вовел и ПЦР тестови за сите граѓани што влегуваат во земјава“, рече Пановски, потенцирајќи дека прва мерка за сузбивање на омикрон треба да бидат ограничувања на граничните премини и аеродромите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.