еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

(Видео) Демонстрант падна од јарбол во Тирана: Протест за „Отворен Балкан“ и запалени српски знамиња

Синоќа во Тирана се одржаа протест поради „Отворен Балкан“ на кој присуствуваат српскиот претседател Александар Вучиќ и македонскиот премиер Зоран Заев.

Според Сали Бериша, лидерот на опозициската Демократска партија и поранешен премиер, кој се обрати на протестот, целта на „Отворен Балкан“ е воспоставување на „српска хегемонија“.

„Денеска овде протестираат сите граѓани на Македонија, Косово, Босна, кои во ѓаволскиот проект гледаат обид на авантуристи да ја заменат берлинската иницијатива. Прочитајте го писмото што го испратија до Брисел.

Никаде не станува збор за суверени народи, туку за народи во стариот југословенски концепт. Овој проект има за цел да воспостави српска хегемонија во регионот.

Историјата докажа дека еден од најголемите неуспеси на Балканот, Европа и светот беше идејата за српска хегемонија на нашиот полуостров,“ изјави Бериша пред демонстрантите.

За време на протестите беа запалени неколку српски знамиња.

Албанскиот премиер Еди Рама, кој е домаќин на настанот ги осуди инцидентите.

Тој на платформата „Тик Ток“ објави и видео во кое се гледа како млад човек се обидува да го извлече српското знаме од столбот во Тирана. Тој успеал да скине половина од знамето, а останатото останало на столбот. Младиот човек паднал од значителна висина.

@ediramatiktok

Unë tradhëtar dhe ky patriot i bie apo jo😂 Zot ruaje Shqipërinë nga të marrët🙏

♬ original sound – EdiRamaTikTok

„Бог да ја спаси Албанија од будали“, напиша Рама.

Фото/видео: FM Images Albania/Твитер/Тик-ток

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каков имот пријавил министер за земјоделство, Арјанит Хоџа

Редакција

Злоупотребата на историјата води кон трагични војни, предупредуваат историчари од поранешна Југославија

Редакција

Време на акциски планови и декларации: Замајување или решителни промени?

Редакција