еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Злоупотребата на историјата води кон трагични војни, предупредуваат историчари од поранешна Југославија

Историчарите од Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Македонија, Словенија и од Србија, потписнички на декларацијата “Одбрани ја историјата“, го осудија фалсификувањето на историјата, нејзината злоупотреба и употребата на селективни историски аргументи за оправдување на воената политика и агресијата против суверената и меѓународно призната држава Украина, јави дописникот на МИА од Белград.

Злоупотребата на историјата за политички цели доведе пред неколку децении до трагични војни во поранешна Југославија, па затоа предупредуваме на опасноста од манипулирање со минатото за поттикнување омраза, на војна, дехуманизација на непријателите и оправдување на воените злосторства, се наведува во прогласот на историчари од регионот.

Се порачува дека историјата е слободна и автономна научна дисциплина која служи за истражување и разбирање на процесите од минатото. Историјата не смее да служи за легитимирање на нечии посебни национални аспирации и територијални претензии, посочуваат историчарите.

-Застануваме во одбрана на нашата дисциплина! Бараме од сите политичари, како во нашите земји, така и од релевантните политичари на меѓународната сцена, да водат одговорна политика на сеќавање и предавање историја, да престанат да го злоупотребуваат минатото и да не се потпираат на историчари, интелектуалци и интересни групи кои ги поттикнуваат националистичките страсти и шират говор на омраза за остварување на сопствени интереси, се вели во прогласот.

Регионалните историчари додаваат дека го креваат својот глас во одбрана на својата професија и непреченото право на живот и афирмација на сите индивидуални и колективни идентитети, а во овој момент особено на украинскиот идентитет и слободата на граѓаните на Украина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Да не треба Русија да не нападне за да Македонија добие датум за преговори

МИА/Фото: Руско министерство за одбрана

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шолц повторно побара да се сменат правилата за гласање во ЕУ, мали се шансите да добие подршка од Франција

Редакција

Лани одбиени 26,29% од барателите за виза во САД од Македонија

Редакција

Убиство и обид за самоубиство во Струга: Сопруг со повеќе убоди од нож ја убил својата пет години помлада партнерка

Редакција