еМагазин
Image default
Локално

Поскапе такси превозот во Куманово

Таксистите во Куманово самоиницијативно ги зголемија цените, поради зголемените трошоци за бензин, соопштија денеска надлежните од Општината, од каде велат дека таква одлука на општинскиот Совет сè уште не е донесена.

Претседателката на Советот, Ивана Ѓорѓиевска, денеска информираше дека се запознаени со барањето на такси превозниците за корекција на цените, но дека досега не е расправано и веќе на наредната седница која е закажана за 11-ти месецов ќе се дискутира на оваа тема.

Граѓаните потврдија дека плаќаат поскапа цена за такси превоз која претходно изнесуваше 60 денари за возење до два километри, а сега чини 80 денари и за секој нареден километар по 40 денари.

Кумановци велат дека делумно ја оправдуваат одлуката на таксистите, бидејќи се високи цените на бензините. Сепак, за корекција на цената на такси услугите на општинско ниво неопходна е согласност од Советот на Општината, кој досега не дебатираше по ова прашање, иако се одржани пет седници.

Таксистите пак информираат дека доставиле две барања до Општината, првото во октомври лани кога се конституираше Советот, а второто барање го испратиле во јануари годинава и за тоа имаат потврда и архивски број.

Во овој период сè уште во целина не функционира јавниот линиски превоз до сите населени места, особено до најголемите приградски населби во Куманово, што дополнително ги изложува кумановци на трошок.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пукање во угостителски објект на Бит Пазар, еден повреден

Редакција

(Видео) Хеликоптери на МВР ја пресекоа линијата на огнот на пожарот во Тетово, кој се уште не е локализиран

Редакција

Исчезна 15-годишно девојче од штипско

Редакција