еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

Македонски тим освои бронзена медала на финалето на Европскиот квиз за пари 2024 година

Учениците Кирил Китевски и Кристијан Лазароски од СОУ „Цар Самоил“од Ресен, под менторство на професорката Дијана Ѓоргиевска го освоија третото место на финалето на Европскиот квиз за пари 2024 година, кое се одржа на 19. април во Брисел, Белгија, во организаација на Европската банкарска федерација (ЕБФ).

Овогодинешниот Европски квиз за пари забележа рекорден одѕив во неколку земји, при што приближно 36.000 тинејџери од 2.200 училишта учествуваа во националните натпревари низ Европа. Иницијативата, започната од ЕБФ во 2017 година, цели да ги подобри финансиските знаења на младите луѓе и да поттикне финансиски одговорна генерација.

Тимот од Австрија го освои првото место, додека второпласирана беше екипата од Чешка.

Квизот го тестираше знаењето на учесниците за критичните финансиски теми за тинејџерите, вклучувајќи долгорочно планирање, стратегии за штедење, разбирање на криптовалути, свесност за сајбер безбедноста и одговорно управување со кредитите.

Сите прашања се усогласени со упатствата на ОЕЦД/ИНФЕ за едукација за финансиска писменост.

„Секоја година во Брисел гледаме нова генерација на млади кои се подготвени да ги совладаат финансиските вештини и да ја добијат титулата европски шампион. Развивајќи ги своите вештини со поддршка од нивните ментори, тие добиваат сериозен почеток за зрелоста. Импресивно е да се види толку многу позитивна енергија во Брисел, од година во година,“ izjavi Вим Мијс, извршен директор на ЕБФ.

На натпреварот учествуваа вкупно 26 земји: Албанија, Австрија, Чешка, Естонија, Финска, Германија, Грција, Унгарија, Исланд, Ирска, Италија, Латвија, Лихтенштајн, Литванија, Луксембург, Малта, Норвешка, Полска, Португалија, Македонија, Романија, Србија, Словачка, Словенија, Шпанија и Украина.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Разрешени министрите на Алтернатива – Сали, Алити и Чупи

Редакција

Ципрас си замина, останаа проблемите

Редакција

Убава вест: 211 оздравени од Ковид-19

Редакција