еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Да не треба Русија да не нападне за да Македонија добие датум за преговори

Осум членки на Европската Унија, меѓу кои и Бугарија сметаат дека Украина заслужува веднаш да влезе во ЕУ, откако претходно украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека потпишал официјално барање неговата земја да се приклучи на Унијата, а Европскиот парламент вчера препорача на Украина да и се даде кандидатски статус.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Европскиот Парламент препорачува да и се додели кандидатски статус на Украина

Дали тоа ќе се случи ќе покаже времето, оти по тоа прашање од ЕУ, но и од НАТО ја манипулираат Украина уште од пред 2014 година, кога и започна руско-украинскиот конфликт.

Рака на срце, ЕУ е позната, за жал повеќе по „гасење на пожари“, отколку по нивно спречување.

И Македонија заслужува да почне преговори со ЕУ, и самите земји членки го кажале тоа бројни пати, ама ете 17 години чекаме тоа да се случи.

И таман да се „случи“, и името на државата го сменивме во 21 век, се јави нашиот „добар“ сосед, Бугарија и кажа дека нема Македонци и нема македонски јазик и дека Македонија е вештачка творба на Јосип Броз Тито и Коминтерната, идентично како логиката на рускиот претседател Владимир Путин, кој изјави дека Украина е руска и дека е вештачка творба на Владимир Илич Ленин и ја почна воената инвазија.

Во нашиот случај оваа апсурно тврдење на Бугарите не се базира само на несреќните, непријателски и понижувачки изјави на нивните политичари, (кои ни ЕУ, ни НАТО, каде сме нели членка, не ги осуди, освен Словачка и Чешка, кои отворено се спротиставија на таквото однесување), туку и на документ изгласан во бугарскиот Парламент, во 21 век.

И ЕУ го толерира тоа повеќе од две години. Не дека досега не видовме колку Унијата е лицемерна, ама е просто неверојатно колку тоа се повторува и се повторува… 17 години!

И да, во ЕУ се згрозија од говорот на Путин за Украина, ама окото не им трепна кога поранешниот премиер и министер за одбрана на Бугарија, (нивната членка), Красимир Каракачанов изјави дека ќе испратил војска во Македонија за да ги среди работите.

Да не треба, не дај Боже, Русија или Бугарија да не нападнат за да добиеме датум за преговори? Да ни кажат, да не ја смениле пак методологијата за прием, оти за ЕУ не е ни проблем што бандера во Бугарија е адресата на илјадници Македонци со бугарски пасош, за кои Бугарија тврди дека биле дискриминари и покрај тоа што нема ни еден потврден таков случај од македонските институции или одлука во тој правец од Судот за човекови права во Стразбур.

За македонското малцинство во Бугарија има дури 16 пресуди во нивна корист, ама ете Бугарија, членка на ЕУ не ги спроведува и продолжува да тврди дека нема Македонци во Бугарија, што се коси со здравата логика.

И Путин тврди дека Русите биле дискриминирани во Украина. Не за друго.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Димитров: За нас, како мала земја, принципите се егзистенцијално важни-oсобено по говорот на Путин, кога ја нарече Украина вештачка творба на Ленин

ЕУ ургентно да ги деблокира преговорите со Скопје и Тирана, да не се остави Западен Балкан како отворена рана, вели Османи

Осум членки на ЕУ бараат Украина веднаш да влезе во ЕУ, меѓу нив и Бугарија

Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бајден го повика Трамп да отстапи, претседателот ги повика демонстраните да си одат дома

Редакција

Осум лица починаа од Ковид-19

Редакција

Пријавила само два кредити и кредитна картичка: Каков имот има заменик министерката Славјанка Петровска

Редакција