еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Димитров: За нас, како мала земја, принципите се егзистенцијално важни-oсобено по говорот на Путин, кога ја нарече Украина вештачка творба на Ленин

Поранешниот вицепремиер за европски прашања и министер за надворешни работи Никола Димитров, вели дека зад агресијата врз Украина стои Владимир Путин и неговиот страв од демократска и слободна соседна Украина, како и желбата за враќање назад во историјата, историски ревизионизам.

„Судејќи според јавните протести против војната во Русија, земја каде е опасно да се излезе на протест, прашање е колку рускиот народ ја одобрува оваа војна.

Нападот врз една независна држава која не е закана, која со ништо не ја испровоцира оваа војна е напад врз слободниот свет, врз европската безбедност и врз светскиот поредок што почива на Повелбата на ОН.

Ако слободниот свет ова го дозволеше без драматично одлучен одговор, сите ќе се вратевме во џунглата и законот на голата сила.

За нас, како мала земја, принципите се егзистенцијално важни. Особено по говорот на Путин, кога ја нарече Украина вештачка творба на Ленин, без право да постои, тој требаше да ги изгуби сите македонски симпатизери. Сите до еден.

Ако Русија сопре со борбите, нема да има веќе војна. Ако Украина сопре со борбите, нема да ја има веќе Украина”, пишува Димитров на неговиот Фејсбук-профил.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонија ќе донира воени средства и опрема за вооружените сили на Украина

Забранет влез за руските авиокомпании во воздушниот простор на Македонија

Македонија се придружува на ЕУ во санкциите кон Руската Федерација

Фото: СЕП

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За Христовото раѓање во Бигорски повеќе од илјада верници

Редакција

Вработени во општинско претпријатие со сопругите го вандализирале македонскиот клуб, градоначалникот на Благоевград нема да ги казни

Редакција

Цементарница Усје обвинета дека загадува, а фабриката не работи

Редакција